Избори 2024

Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ на митинзи во Вевчани и во Кочани

28.04.2024 12:57

Власта заговара тивок бојкот на изборите на 8-ми мај, изјави Христијан Мицкоски на предизборниот митинг во Кочани. Повика на државно, политичко и општествено обединување на сите против власта. Апелираше на масовна излезност и поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“...

Ветувам дека ќе се однесувам поинаку од сегашниот претседател, порача Гордана Силјановска-Давкова на средбата со жителите на Вевчани. Потенцираше дека ставот за битните прашања мора да извира од консензусот внатре во државата и претседателот мора да има конзистентен став и комуникација со граѓаните и Собранието.

Мицкоски: Власта планира тивок бојкот на изборите

Оваа власт не е европска, државата е прва во Европа по корупција и сиромаштија, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Кочани потенцираше дека власта планира тивок бојкот на изборите на 8-ми мај.

Повик за референдумска излезеност на 8-ми мај

Драган Ковачки, носителот на пратеничката листа на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата во третата изборна единица повика на референдумска излезеност на изборите, а за Кочани најави изградба на Дом за стари лица и обнова на Спортско рекреативниот центар „Пониква“

Пораката од митингот во Кочани е дека масовната излезност на претстојните избори и поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ е решение за сите антимакедонски сценарија на власта.

 

Славица Величковска