Блиски Исток

Продолжуваат израелските напади во Појасот Газа

28.04.2024 11:45

Израелската војска продолжи со уништување на целите на Хамас во Појасот Газа. Разгорени борбите и со Хезболах. Јеменските Хути тврдат-собориле американски дрон. Војната во Газа неминовна тема на арапските и европските дипломати во Ријад. Протестите во Тел Авив и ширум светот продолжуваат...

Израел ги продолжи операциите во Газа. Погодени локации на Хамас користени за лансирање. Се интензивираат и борбите со Хезболах. Се задаваат жестоки удари на двете страни. Американски дрон соборен од јеменските Хути.

Погодени локации на Хамас користени за лансирање

„Вооружените сили успеаја да соборат американски дрон во воздушниот простор на провинцијата Саада додека извршуваше непријателски мисии“, изјави Јахја Сари, воен портпарол на Хутите.

Во исчекување на одговорот за прекин на огнот, Хамас вели шансите за примирје се мали доколку Тел Авив нема фундаментални амандмани. Американскиот претседател Бајден изјави дека нема да мирува додека сите не бидат ослободени.

Бајден: Нема да се откажеме додека не ги вратиме сите заложници дома

„Давам збор, нема да се откажеме додека не ги вратиме сите дома“, изјави Џо Бајден, претседател на САД.

Веднаш потоа Хамас објави ново видео со заложници кои го молат Нетанјаху да ги ослободи, еден од нив, американски државјанин. Протестите во Тел Авив продолжија.

Хамас објави ново видео со заложници 

„Сакаме Нетанјаху да размислува како што Бајден размислува за своите киднапирани. Протестираме против Нетанјаху и против одолговлекувањето на ситуацијата со заложниците“, рече демонстрант.

Војната во Газа неминовна тема на арапските и европските дипломати во Ријад. Во рамките на состанокот на Светскиот економски форум, одржана средба на шефовите на дипломатиите на арапската шесторка. Бараат да се стави крај на израелската агресија, да се постигне итен и целосен прекин на огнот и да се заштитат цивилите. На дводневниот состанок се очекува да се приклучи и државниот американски секретар Блинкен.

 

Бојана Крстевски