Камбоџа
20 војници загинаа при експлозија во воена база во Камбоџа
28.04.2024 12:29
20 војници загинаа во експлозија на муниција во воена база во провинцијата Кампонг Спеу во Камбоџа...

20 војници загинаа во експлозија на муниција во воена база во провинцијата Кампонг Спеу во Камбоџа.
Во инцидентот се повредени уште неколкумина, меѓу кои и деца поради силната детонација која не ги поштеди околните објекти и куќи.
Засега не е позната точната причина што ја предизвикало експлозијата, но се претпоставува дека е можно високите температури коишто ја зафатија земјата да бидат една од можните причини за инцидентот.
