Одбележување

Во Битола одбележани 23 години од загинувањето на бранителите кај Вејце

28.04.2024 12:59

Пред спомен обележјата посветени на битолските бранители кои во конфликтот кај Вејце на денешен ден пред 23 години храбро ги положија животите, на олтарот на татковината одадена почит и положени букети цвеќиња...

И по 23 тажни години остануваат во колективната меморија имињата на битолските загинати бранители кај Вејце Маријан, Илчо Бошко и Кире. Од здружението „Херој на Македонија“, од пред споменикот „Ангел“ изразија огорчување што на ова место пред неколку месеци се случи еден провокативен вандалски чин.

Ова е само уште една опомена ваквите настани да не се повторат, а политичките партии да ги намалат националните реторики рече дополнителниот министер за внатрешни работи, Бојмацалиев.

Годинешново чествување ќе остане запаметено и по големата присутност. Од страна на семејствата и институциите на спомен обележјата беше одадена почит и положени букети со свежо цвеќе.

 

Стевче Митревски