Блиски Исток

Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови

28.04.2024 14:42

Израел во наредните денови ќе го нападне Рафах-предупреди палестинскиот претседател на состанокот на Светскиот економски форум во Ријад. Војната во Газа неминовна тема, наспроти продолжените воени операции на Тел Авив во енклавата. Се разгорува борбата и со Хезболах. Јеменските Хути тврдат-собориле американски дрон. Протестите во Тел Авив и ширум светот продолжуваат.

Војната во Газа неминовна тема на состанокот на Светскиот економски форум во Ријад. Палестинскиот претседател со предупредување – Израел во наредните денови ќе го нападне Рафа. САД се единствените што можат да го спречат во намерата.

„Ќе бидеме сведоци на најголемата катастрофа во историјата на палестинскиот народ. Апелираме до САД да побараат од Израел да ја прекине операцијата во Рафа бидејќи Америка е единствената земја способна да го спречи да го изврши ова злосторство“, изјави Махмуд Абас, претседател на Палестина.

Наспроти состанокот, Израел ги продолжи операциите во Газа. Се интензивираат и борбите со Хезболах. Францускиот министер за надворешни на разговори со властите во Бејрут за враќање на стабилноста на границата меѓу Либан и Израел. Американски дрон соборен од јеменските Хути.

„Вооружените сили успеаја да соборат американски дрон во воздушниот простор на провинцијата Саада додека извршуваше непријателски мисии“, изјави Јахја Сари, воен портпарол на Хутите.

Во исчекување на одговор од Хамас за прекин на огнот, американскиот претседател изјави дека нема да мирува додека сите не бидат ослободени.

„Давам збор, нема да се откажеме додека не ги вратиме сите дома“, изјави Џо Бајден, претседател на САД.

Веднаш потоа Хамас објави ново видео со заложници кои го молат Нетанјаху да ги ослободи, еден од нив, американски државјанин. Протестите во Тел Авив продолжија.

 

 

Бојана Крстевски