Зголемен бројот на несреќи на работното место, најмногу во земјоделскиот и градежниот сектор
Во 2023-тата на работното место загинале 15 работници. Бројката се зголемува, особено во земјоделскиот сектор и во градежништвото – алармираат надлежните. Синдикалците бараат поголема сериозност од газдите...

Се зголемуваа бројот на несреќи на работното место. Предничат земјоделството, градежниот сектор и тешката индустрија. Само лани имало над 150 несреќи при работа, од кои 15 биле фатални. Работните места многу повеќе наликуваат на минско поле, и малку се води грижа за безбедноста на работникот – велат од Здружението.
Домашната работа и натаму е потценета и невидлива, се врши дискриминација, се кршат човековите права, велат синдикалците. Бараат поголема сериозност од газдите.
Човек треба да заработи чесно, да напредува, да се афирмира, а не да се плаши за безбедноста, сметаат упатените.
Газдите мора да посветат повеќе време на работниците.
По повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, беа засади 15 дрвца, во чест на загинати работници на работното место во 2023 година.
Борис Грујоски
