„ГРОМ“ и коалицијата со активности на терен
Активности на терен на движењето ГРОМ. Да не се менува Уставот, да има раст на животниот стандард, подобра социјалната заштита, реформа во образованието, безбедносен систем-за ова велат се залагаат кандидатите за пратеници од оваа партија...

Погубна е реториката народот на Македонија наместо македонски народ и Македонија на сите луѓе, наместо Македонија на Македонците. Од коалицијата „Храбро за Македонија“ предупредуваат за евентуалната промена на Уставот во граѓански. Македонскиот народ е државотворен народ и ако се создаде концепт на граѓанска држава тогаш исчезнува државотворноста на македонскиот народ – вели Љупчо Ристовски, претседател на Интегра и носител на листата во изборната единица 2 од општината Гази Баба.
Освен националните интереси во фокусот на коалицијата се и секојдневните последици од негрижата за животната средина и природните богатства. Заштита на природните езера, неискористеноста на топлите води и други теми од екологијата.
Непромена на Уставот, раст на животниот стандард, подобра социјалната заштита, реформа во образованието, безбедносен систем, енергетика, инфраструктура, иновативни стратегии и политики за поттикнување на творечкиот потенцијал на секоја индивидуа за почеток на бизнис или поголема вклученост во општествените случувања. Да се создаде нова вредност – повикуваат од коалицијата „Храбро за Македонија“.
Сузана Трајковска
