Избори 2024

„Вреди“ на средби со граѓани во општина Чаир и во Сарај

28.04.2024 16:55

Коалицијата „Вреди“ на средби со граѓани во општина Чаир и во Сарај. Претставувавјќи ја програмата истакнаа дека приоритет е сузбивање на корупцијата во јавните претпријатија како и враќање на истите во рацете на граѓаните...

Со кампања врата на врата од коалицијата „Вреди“ на граѓаните им ја претставија програмата и како што велат, ја презентираа идејата зошто го бараат нивниот глас. Приоритет според носителот на првата изборна единица Меџити, е јавните претпријатија да се вратат во рацете на граѓаните.

Меџити вели дека во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ има и други етнички заедници, а за да се добие соодветна контура потребен е албански партнер – коалицијата „Вреди“.

Ветуваат решавање на клучните проблеми на граѓаните во нивните општини. Велат само на тој начин ќе се претендира за европски вредности и европски фронтови. Немањето канализација и елементарни услови за живот е недозволиво.

 

Александра Спировска