„Европски фронт“ ја бара довербата на граѓаните во струшко
Коалицијата Европски фронт и лидерот на ДУИ ја бараат довербата од граѓаните во струшко. Ахмети вели дека не се себични како политичка партија, туку се за општ интерес заедно со другите етникуми, заедно да направат промени кои државата. на осми мај ќе ја запечатиме победата – велат од Европскиот фронт...

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети во своето обраќање пред симпатизерите и членовите посочи дека имаат кампања со која јасно го изразуваат ставот-да на Европа, не на Русија. Опозицијата придружувана и од ВМРО-ДПМНЕ води кампања за уривање на ДУИ, но граѓани се тие кои ќе одлучат за тоа. А 24-ти април докажа рече Ахмети дека не само што ДУИ не се урива, туку со него сè уште 8 други политички субјекти создавајќи го Фронтот кој тој ден се соочи со „Вреди“ а на 8-ми мај ќе се соочат со ВМРО-ДПМНЕ. Нашата мисија е јасна и продолжува – сакаме да станеме полноправна членка на Европската унија, бидејќи немаме друга алтернатива. На нашата земја и потребен мир, поголема стабилност и безбедност. А гледаме дека недалеку од нас се одвиваат воени дејствија за што и самата Европа е вознемирена и ја мобилизира целата воена оружена технологија.
Кој ги иницираше тие војни? Од анализите кои се прават за тоа кому му одговараат овие војни одговорот е дека тоа е Русија. Сигурно е дека Русија не сака ниту стабилност, ниту мир во регионот на Западен Балкан, таа сака да ги одржува активни вулканите за да ги активира во даден момент како во Босна, Србија.
„Затоа останува наша задача, наша мисија согласно нашите историски определби за сојузништво и партнерство со НАТО, со западно европските земји да го оневозможиме руското и источните влијанија во нашата земја. Иако целосно не може да го спречиме бидејќи Русија е навлезена со здруженија, медиуми, конференции. Дури е основана и политичка партија од главниот советник на Путин, Александар Дугин, кој неколку пати доаѓаше во Македонија. За да им речеме не на сите тие активности и интервенции на 8-ми мај нема да имаме избори, туку референдум на кој треба да извојуваме победа“, рече Ахмети.
Онака како што успешно се зачленивме во НАТО мора да го направиме решавачкиот чекор за да станеме членка на ЕУ. Сите граѓани ќе имаат придобивка. Населението ни е преполовено веќе, затоа ние треба да го спречиме ова. Не е невозможно по примерот на државите кои откако се во Европската унија населението им се враќа и секако со заложбите за економски развој и поквалитетно здравство и образование развиена инфраструктура. Ахмети повика да не се отстапува од оваа агенда. За да не се дозволи да се засили руското влијание Ахмети повика на обединување на 8-ми мај со сите оние кои на 24-ти април ја збогатиле демократијата со друга боја и не го гласале за нив. Да ни се придружат на референдумот да се зближиме и да ја одбереме Европа наспроти изолацијата, порача Ахмети. Нашите политички концепти ќе се судрат со оние на ВМРО-ДПМНЕ, но ние ќе работиме за прогресот не сакаме да се враќаме во минатото кое е болно за сите. Извикував „учк“, за она „учк“ кое ја спаси Македонија ниту беше терористичка, ниту фашистичка организација туку ослободителна војска за измена на политичко правниот статус на земјата. Сегашниот Устав го подобри статусот на сите етнички заедници во државата, затоа остануваме во непобедливиот ринг, додаде Ахмети.
Фиљана Кока
