ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата продолжуваат со кампањата
„Ќе се однесувам поинаку од актуелниот претседател и ќе ги направам граѓаните горди“ – ветува кандидатката за шеф на државата Гордана Силјановска-Давкова. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски вели дека резултатите се јасна порака од народот оти ДУИ и СДСМ се делегитимирани...

Наместо да се замислат зошто граѓаните не гласаат за сегашниот претседател, слушаме изјави дека ќе почнеле од нула. Народот не можете да го излажете ви дал еднаш шанса, порача претседателскиот кандидат Гордана Силјановска-Давкова на средбата со жителите на Вевчани ветувајќи дека ќе се однесува поинаку од актуелниот претседател и ќе ги направи граѓаните горди. На 8-ми мај Силјановска вели – ќе се случи политички вулкан.
Изборните резултати се јасна порака до народот дека ДУИ и СДСМ се поразени и делегитимирани, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во првата изборна единица Христијан Мицкоски. Логично е вели Мицкоски идната влада да ја формираат ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Вреди“, но очекува поддршка и од Максим Димитриевски за кандидатката Гордана Силјановска-Давкова во вториот круг од претседателските избори.
Македонија на 8-ми мај ќе си ја врати слободата. Нема да тонеме во политичкото мочуриште, да не бидеме заложници на некои кои станаа милионери, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Викторија Милевска
