Одлука по приговор за текот на гласањето
Против одлуката на Комисијата, подносителот на приговорот може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението...

Државната изборна комисија најдоцна вечер до 19 часот треба да одлучи по приговорот од коалицијата „Вреди“ за текот на гласањето за избирачко место во Липково. Против одлуката на Комисијата, подносителот на приговорот може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Управен е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по приемот на тужбата.
Според информациите, приговори пак, за постапката за сумирање и утврдување на резултатите до ДИК не се поднесени. Државната изборна комисија конечните резултати од изборите ќе ги соопшти веднаш, а најдоцна во рок од 24 по завршувањето на целата постапка по приговорите.
