Киев бара итно испорака на помош од САД
Од друга страна, врховниот командант на украинската армија потврди дека ситуацијата на истокот на земјата е влошена и дека војската се повлекла од позициите во регионот на Доњецк...

Москва го обвинува Киев за бомбардирање на неколку села и градови под руска контрола во изминатите 24 часа. Од друга страна, врховниот командант на украинската армија потврди дека ситуацијата на истокот на земјата е влошена и дека војската се повлекла од позициите во регионот на Доњецк. Зеленски повторно побара од САД системи „патриот“ и брза испорака на помошта за Киев.
„Сè уште ги чекаме испораките ветени на Украина – очекуваме точно обем и содржина на залихи што може да ја промени ситуацијата на бојното поле во интерес на Украина. Повторно ја нагласив потребата за патриот системи, тие се потребни што е можно поскоро“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
