САД

Жртви и повредени по торнадото во Оклахома

29.04.2024 08:55

Екипите за итни случаи ја проценуваат огромната штета по силното невреме кое донесе ветрови, град и поплави. Десетици илјади домаќинства се без струја...

Најмалку 4 жртви, меѓу нив и дете во торнадото што ја зафати американската сојузна држава Оклахома. Повредени сè уште десетици. Екипите за итни случаи ја проценуваат огромната штета по силното невреме кое донесе ветрови, град и поплави. Десетици илјади домаќинства се без струја.

„По завршување на напорите за пребарување и спасување ќе почнат да се проценуваат штетите. Сè уште имаме многу старечки домови и болници кои беа на удар“, изјави Ени Мек Вест од Оддел за управување со вонредни состојби во Оклахома.

Властите прогласија вонредна состојба во 12 окрузи. Централниот дел на сад беше зафатен од серија торнада од петокот кои зад себе оставија голем број повредени и создадоа голем хаос.