Грција

Земјотрес со јачина од 4,3 степени го погоди Крит

29.04.2024 09:00

Земјотресот се случил во 07:24 часот по локално време, на длабочина од 10 километри...

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала го погоди грчкиот остров Крит, 60 километри североисточно од Ираклион, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот се случил во 07:24 часот по локално време, на длабочина од 10 километри.

Засега нема информации за евентуална материјална штета.