Грција воведува шестдневна работна недела
Од 1-ви јули годинава стапува на сила одредбата за шестдневна работна недела. Одредбата не мора да ја почитуваат компании и стопанства чија работа не е континуирана, односно кои и досега не работеле пет дена неделно...

Од 1-ви јули годинава стапува на сила одредбата за шестдневна работна недела. Одредбата не мора да ја почитуваат компании и стопанства чија работа не е континуирана, односно кои и досега не работеле пет дена неделно.
Што се однесува на ограничувањата, работниците на шестиот работен ден не смеат да работат подолго од 8 часа и не се дозволува прекувремена работа. Во случај компаниите или земјоделските стопанства да имаат петдневни ноќни смени (00:00-06:00), тогаш шестиот ден не смеат да работат ноќна смена.
Оваа реформа на законот за работни односи ги поттикна критичарите да се потсетат на Европската директива за работно време, според која вработените не треба да работат повеќе од 48 часа во период од седум дена, вклучително и прекувремената работа.
Новиот закон беше донесен една деценија подоцна, бидејќи меѓународните кредитори побараа од земјата да воведе шестдневна работна недела за да се излезе од економската криза. Грците на референдумот во 2015 година убедливо кажаа „не“ на пакетот мерки предложени од кредиторите.
