Русија

Напад врз полиција во Русија, има загинати

29.04.2024 09:50

При судирот со напаѓачите, животот го загубија двајца полицајци, а ранети се четворица претставници на органите на прогонот...

Во руската Република Карачаево - Черкезија на Кавказ, синоќа била нападната полицијата. Напаѓачите со автомобил до привремената полициска станица, фрлиле експлозивна направа и отвориле оган од автоматско оружје, се вели во соопштението. Полицијата одговорила со огнено оружје и убила петмина напаѓачи.

При судирот со напаѓачите, животот го загубија двајца полицајци, а ранети се четворица претставници на органите на прогонот.

Рускиот истражен комитет, поткрена кривична постапка за напади врз соработници на безбедносните органи и нелегално поседување оружје и муниција. По петмината осомничени е распишана потерница.