Избори 2024

Кампањата за двојните избори влегува во втората половина

29.04.2024 10:31

Лидерите на партиите, заедно со носителите на листи, како и кандидатите за претседател, продолжуваат со презентирање на своите изборни програми...

Изборната кампања за двојните избори на 8-ми мај влегува во втората половина. Лидерите на партиите, заедно со носителите на листи, како и кандидатите за претседател, продолжуваат со презентирање на своите изборни програми.

Државната изборна комисија најдоцна вечер, до 19 часот треба да одлучи по приговорот од коалицијата „Вреди“ за текот на гласањето за избирачко место во Липково.

Против одлуката на комисијата, подносителот на приговорот може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Управен е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по приемот на тужбата.

Според информациите, приговори пак, за постапката за сумирање и утврдување на резултатите не се поднесени. Државната изборна комисија конечните резултати од изборите ќе ги соопшти веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа по завршувањето на целата постапка по приговорите.