Кенија
Расте бројот на загинати во поплавите во Кенија
29.04.2024 11:04
Над 200 илјади луѓе се погодени од катастрофата, голем број објекти се оштетени, а од вчера под вода е и аеродромот...

Бројот на загинати во поплавите во Кенија продолжува да расте по последниот инцидент во реката Тана откако се преврте чамец полн со луѓе. Екипите успеале да спасат 23 лица, но по десетици сè уште се трага.
Владиниот портпарол ги отфрли тврдењата дека досега загинале стотици луѓе во поплавите што ја погодија земјата како последица на неколку неделните обилни врнежи, и рече дека таа бројка изнесува 70. најголемиот број жртви се од Најроби.
Над 200 илјади луѓе се погодени од катастрофата, голем број објекти се оштетени, а од вчера под вода е и аеродромот.
