Митинг на коалицијата „Твоја Македонија“ во Битола
Никогаш не сме биле посвесни дека промените тропаат на портата. Неа на 8-ми мај може да ја отворите само вие, а наше ќе биде да ви докажеме дека водиме сметка за вас, рече кандидатката за претдседателка Гордана Силјановска Давкова на митингот во Битола...

Оваа држава заслужува повторно да биде ваша. Никогаш не сме биле посвесни дека промените тропаат на портата. Неа на 8-ми мај може да ја отворите само вие, а наше ќе биде да ви докажеме дека водиме сметка за вас, рече кандидатката за претдседателка Гордана Силјановска Давкова.
Ковачевски молчеше за сите промашувања на ДУИ, а сега вели му пречело тоа што на нивниот митинг немало европски знамиња. И додека устите им се полни со Европа, а Ковачевски понизно коленичи, Ахмети го слушаме среде Скопје како скандира УЧК, УЧК, нагласи на синоќешниот митинг во Битола лидерот на опозициската коалиција „Твоја Македонија“
Првата странска инвестиција ќе биде во Битола
Во платформата на идната влада развојните компоненти на Битола се поставени на највисоко ниво. Меѓу многуте приоритети е модернизирање на патната инфраструктура во Пелагонискиот регион, која е предуслов за нови инвестиции и економски развој, рече носителот на листата од петата изборна единица.
Во тој контекст, лидерот Мицкоски рече дека останува на ветувањето дека како нова влада, првата странска инвестиција ќе ја реализираат во Битола. Тој пред битолчани во кратки црти ја образложи и платформата 1198 која предвидува раст на економијата за пет проценти, 155.000 нови работни места како и развојни можности за општините, земјоделците и финансиска помош за стимулирање многудетни семејства.
Стевче Митревски
