Османи: ДУИ сè уште гради став дали и кого од претседателските кандидати ќе поддржи на 8-ми мај
Тој додаде дека за само два дена лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски успеал да врати едно сеќавање кај секој Албанец од времето кога југословенски Белград велеше: „Независно од тоа што вие ќе посакате, Рахман Морина ви е тој што ќе ве претставува, а Морина цинично се смееше“.

ДУИ сè уште гради став дали и кого од претседателските кандидати ќе поддржи на 8-ми мај, рече министерот Османи одговорајќи на новинарско прашање на прес-конференција.
Тој додаде дека за само два дена лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски успеал да врати едно сеќавање кај секој Албанец од времето кога југословенски Белград велеше: „Независно од тоа што вие ќе посакате, Рахман Морина ви е тој што ќе ве претставува, а Морина цинично се смееше“.
Османи смета дека слоганот „Македонија повторно твоја“ е најшовинистичкиот и има за цел понижување и обид за омаловажување на секој граѓанин од заедниците кои низ годините ја имале истата судбина со Албанците.
Тоа го мобилизираше народот, така што веќе не е прашање на избори помеѓу „Европскиот фронт“ и „Вреди“, туку на мобилизација против обидот на рушење на достоинството на народите во оваа држава, зборувајќи за идна Влада уште пред да се изјасни народот на 8-ми мај.
Сето ова, вели Османи, ќе создаде една нова ситуација на 8-ми мај затоа што ваква мобилизација немал видено подолго време во политиката.
