туризам

Голема понуда, слаб интерес за патување за Велигден

29.04.2024 13:29

Велигденските празници се ближат, но на прагот се и двојни избори. Дали овој празник граѓаните ќе бидат дома и ќе чекаат да одат на гласање, или пак, патувањата ќе ги намамат и ќе заминат надвор од државата?

Од 10 до 20 отсто се поскапи аранжманите за разлика од минатата година. Понудата е поголема од побарувачката-вели претседателот на Угостителско-туристичката комора, Аркан Керим.

Намалени се раните резервации за летните одмори. Грција, Албанија, Србија се изборот како викенд дестинација за нашите граѓани, додека Турција, Египет, Крит, за ова лето-додава Керим.

Со оглед големиот број неработни денови кои следат, останува да видиме дали туризмот ќе влијае на излезноста за претстојните двојни избори.

 

Александра Велинова