Здравство

Министерство за здравство не открива дали Клиниката за токсикологија е осигурана

29.04.2024 14:40

Од менаџментот кусо одговорија дека е формирана комисија, која треба да ја утврди состојбата и да направи проценка на оштетувањето. Веќе има првичен записник за состојбата...

Ресорното министерство не открива дали Клиниката за токсикологија е осигурана, прашање кое стана актуелно во петокот, откако пукната цевка од радијатор и поплави два ката на клиниката. Не се знае ниту кој ќе ја понесе одговорноста и ќе ја плати штетата, доколку клиниката нема осигурување.

Од менаџментот кусо одговорија дека е формирана комисија, која треба да ја утврди состојбата и да направи проценка на оштетувањето. Веќе има првичен записник за состојбата. Оттаму информираат дека се прават напори во текот на утрешниот ден да се одржи вонреден состанок на Управниот одбор за проценетата состојба и за активностите што ќе се преземат понатаму.

Пред 10-тина дена вработените алармираа дека клиниката два месеци не е осигурана и дека долгот е зголемен за два милиони денари, откако е назначена новата економска директорка. Несогласувањата на двајцата директори се за 18 лица на кои договорите на дело им се истечени и незаконски работат со пациентите, тоа го констатираше Трудовиот и Државниот санитарен и здравствен инспекторат