Избори 2024

Кој со кого ќе коалицира-партиите ги прават анализите

29.04.2024 15:40

Изборната кампања за двојните избори на 8-ми мај влегува во втората половина. Партиите веќе ги прават анализите кој со кого ќе коалицира за составување на нова влада…

За девет дена ќе се знае чија коалиција ќе направи влада. Секоја партија ги прави анализите, за тоа кој ќе го формира новото парламентарно мнозинство. Доколку останат изборните математики од претседателските избори, според Донтовиот модел, на 8-ми мај ВМРО-ДПМНЕ би освоило 53 столчиња во парламентот, „Вреди“ 12, ЗНАМ на Максим Димитриевски 10, 24 би им припаднале на социјал-демократите, 17 на ДУИ и четири на Левица.

Но, за ова реално да се случи, ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да ги прифати главните барањата на албанската опозиција, а тоа се уставни промени, вели новинарот Љубиша Николовски. Смета дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски избрзал со најавите за идна соработка со „Вреди“ и ЗНАМ, бидејќи доколку интегративците освојат 20 пратенички места, во парламентот нема да има валидност Бадинтеровото мнозинство.

ДУИ нема да биде апсолутен победник, бидејќи овој пат има сериозна албанска опозиција, смета новинарот Дарко Јаневски според кој сè поизвесна е коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“.

И Јаневски и Николовски со став дека е прекршен принципот влада да формираат победници на изборите.

На изминатите предвремени парламентарни избори СДСМ и БЕСА формираа влада со 46 освоени пратеници, четири години пред тоа СДСМ освои 49. Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во 2020 освои 44 места во парламентот, што е за 7 места помалку од 2016. ДУИ пред 4 години освои 15 пратеници што е за 5 повеќе од 2016-тата. Коалицијата на БЕСА и Алијанса на претходните избори резултираше со 12 пратеници, пред 4 години БЕСА доби 5, Алијанса 3 пратенички места.

 

Викторија Милевска