Македонија

Од полноќ поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98 за половина денар

29.04.2024 15:00

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ и на Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за половина денар по литар, објави Регулаторната комисија за енергетика...

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ и на Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за половина денар по литар, објави Регулаторната комисија за енергетика.

Цените ќе важат од полноќ. Дизелот и екстра-лесното гориво ќе чинат по 75,5 денари, додека супер бензинот ќе има нова цена од 89,5 денари. Бензинот 95 останува со иста цена од 87,5 денари за литар, додека мазутот ќе поскапи за над два денари по килограм и од полноќ ќе се продава за 46,661 денари за килограм.

Според образложението, промената на цените е поради минималното намалување на референтните цени на светските нафтени берзи за бензините и дизелот. Единствено зголемување на берзанските цени е регистрирано за мазутот.

Дополнително влијаел и курсот на денарот во однос на американскиот долар кој во периодот кога се формирани објавените цени е понизок за 0,166%.