МТСП

Велковски: Лицата со попреченост бараат целосен ремонт на системот на социјална заштита

29.04.2024 15:34

Во рамките на редовните средби со невладиниот сектор, денеска во Струмица, министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски оствари средби со граѓански организации кои застапуваат права на маргинализирани групи...

Во рамките на редовните средби со невладиниот сектор, денеска во Струмица, министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски оствари средби со граѓански организации кои застапуваат права на маргинализирани групи. Креирањето на паметна социјална политика значи да се изгради партнерски однос помеѓу државата, локалната самоуправа и граѓанскиот сектор. Граѓанските организации се од исклучително значење за нас бидејќи тие најдобро ги познаваат потребите на ранливите групи, а особено децата кои живеат со здравствени и социјални проблеми, потенцираше министерот Велковски.

Системот на социјална заштита за лицата со попреченост изминативе години е неправеден, а одредени групи се оставени на маргините. Мораме да го подобриме функционирањето на системот за да не се соочуваме со парцијални решенија кои ќе носат времени решенија. Министерството мора да изработи регистар на лица со попреченост – заклучија претставниците на граѓанскиот сектор.

Системот на социјална заштита треба да се развива, во насока на градење на сеопфатни социјални услуги на локално ниво, и тоа како во урбаните, така и во руралните средини. Но, за ова потребни ни се силни провајдери на локално ниво.

Меѓу граѓанските организации со кој министерот оствари средба се: Здружението на лица со телесна попреченост Размислувај Различно Струмица, хуманитарното Здружение на граѓани за деца со аутизам, Здружение на глуви и наглуви, Здружение на слепи лица, Здружение на лица со хендикеп Мобилност и Здружение на лица со Даунов синдром.