ДИК
ДИК го отфрли приговорот за нерегуларности во избирачко место Липково
29.04.2024 16:07
ДИК го отфрли приговорот поднесен од коалицијата „Вреди“ за заштита на избирачко право во едно избирачко место во Липково каде е забележано дека член на избирачкиот одбор дал две гласачки ливчиња на гласач...

ДИК го отфрли приговорот поднесен од коалицијата „Вреди“ за заштита на избирачко право во едно избирачко место во Липково каде е забележано дека член на избирачкиот одбор дал две гласачки ливчиња на гласач.
Иако членот на комисијата номиниран од коалицијата „Вреди“, Абдуш Демири бараше поништување на гласањето во тоа избирачко место, по отворање на гласачкиот материјал мнозинството членови на ДИК одлучи приговорот да биде отфрлен.
