Финансии
Барање за враќање на старите цени на задолжителното автомобилско осигурување
29.04.2024 17:17
Министерството за финансии побара одлуката за поскапување на осигурување од автомобилска одговорност да се стави во мирување...

Министерството за финансии побара одлуката за поскапување на осигурување од автомобилска одговорност да се стави во мирување. Надлежната комисија побара од компаниите да достават доволно аргументи со кои ќе докажат дека барањето за повисоки цени на полисата од 15 насто, има основ. Дали ќе ја послушаат или пак сепак ќе ги поскапат премиите и покрај сугестијата на финансии? Денеска во Министерството за финансии засегнатите страни одржаа состанок. Известува Анита Димитријевска-Велковска.
