МВР

Тошковски во посета на ОВР Македонски Брод и ОВР Крушево

29.04.2024 17:33

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на ОВР Македонски Брод и ОВР Крушево каде одржа работни состаноци со раководствата на двете организациски единици...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на ОВР Македонски Брод и ОВР Крушево каде одржа работни состаноци со раководствата на двете организациски единици.

„ОВР Македонски Брод ги покрива Општините Македонски Брод и Пласница каде живеат околу 10.000 жители на прилично голема територија, додека ОВР Крушево ја покрива само Општина Крушево каде живеат околу 8.000 жители.

Што се однесува до обемот на криминал и двете организациски единици бележат ниско ниво на евидентирани кривични дела и нарушувања на јавниот ред и мир.

Од аспект на човечки ресурси има солидна пополнетост, а состојбата со возила и материјално-технички средства е лоша и во иднина треба да се инвестира во овој дел.

Објектот на ПК Самоков кој е во состав на ОВР Македонски Брод е во лоша состојба и поради несанирана кровна конструкција истиот е без струја, за што од страна на началникот биле пишувани проблемски информации, но проблемот сè уште постои“, издвои министерот Тошковски од денешните посети.