Ќе се намалат каматните стапки за „Купи куќа- купи стан“
Во интервју во централниот Дневник на МРТ1, премиерот Никола Груевски најави подобрување на проектот „Купи куќа- купи стан“. Груевски најави намалување на каматните стапки за овој проект од од 4,9% колку што беше претходно, на 3,95% за првите три години, и од 5,5% на 4,44% за после три години.

„Веќе почнавме да работиме на ова, ги почнавме разговорите. Следната недела ќе работиме на усвојување на измена на Закон со којшто ќе теба да се намали каматната стапка при купување на куќа или стан од страна на граѓаните, од 4,9% колку што беше претходно, на 3,95% за првите три години, и од 5,5% на 4,44% за после три години“, нагласи премиерот Груевски.