Македонија
Македонци осудени на 5 години затвор во Грција, пренесувале лажни бланко документи
29.04.2024 18:53
Двајца македонски државјани се осудени на по 5 години затвор откако викендов биле уапсени од грчката полиција со 600 фалсификувани бланко европски документи...

Двајца македонски државјани се осудени на по 5 години затвор откако викендов биле уапсени од грчката полиција со 600 фалсификувани бланко европски документи.
Нашинците се обиделе да влезат во земјата преку граничниот премин кај Дојран, а во претресот кај нив се пронајдени лични карти, возачки и дозволи за престој од повеќе европски земји.
Уапсените се бранеле со молчење и не откриле детали кому биле наменети документите и каде планирале да ги однесат. Според информациите на грчките медиуми станува збор за копии, верни на оригиналот со водени жигови и ознаки на државите.
