Столтенберг: Не го исполнивме ветеното, но оружјето ќе пристигне во Украина
Генералниот секретар на НАТО Столтенберг и украинскиот претседател Зеленски ја потврдија дополнителната помош за Украина...

Генералниот секретар на НАТО Столтенберг и украинскиот претседател Зеленски ја потврдија дополнителната помош за Украина. Германија и Шпанија ќе обезбедат нови системи „патриот“, а Холандија дава дополнителни 4 милијарди евра. САД и Обединетото Кралство веќе обезбедија различни системи за противвоздушна одбрана, а и Австралија најави дека ќе го стори истото.
„Со месеци, САД не можеа да се договорат за пакет, а европските сојузници не беа во можност да достават муниција во размерите што ги ветивме. Ова значи дека неколку руски ракети и беспилотни летала се соборени, а Русија може да се придвижи напред по линијата на фронтот. Но, не е доцна Украина да победи. На пат е поголема поддршка“, изјави Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО.
Москва го обвинува Киев за напади врз неколку села и градови под руска контрола во изминатите 24 часа. Од друга страна, врховниот командант на украинската армија потврди дека ситуацијата на истокот на земјата е влошен, а војската се повлекла од позициите во регионот на Доњецк.
