Активности на коалицијата „Храбро за Македонија“
Добри политики за младите да останат во земјава ама и грижа за возрасните преку изградба на геријатриски центри. Ова го порача партијата ГРОМ која повика да се излезе на гласање на 8-ми мај и довербата да им се даде ним. Ана Јосифоска-Тодоровска.

Училишните спортски клубови се задолжителни во државава но никој не ги финансира рече носителката на листа во изборната единица 1 од ГРОМ и коалицијата „Храбро за Македонија“, Андоновска. Потенцираше дека студентите на УКИМ се без спортска сала, проблем повеќе од 15 години во земјава. Единствената спортска сала со којашто треба да располагаат студентите и се наоѓа во кампусот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ е изградена, ставен е клуч и никогаш не е пуштена во функција.
Бројни се проблемите на студентите. Рече дека студентите освен условите во коишто живеат треба да имаат и здрава исхрана. Андоновска истакна и дека ќе се залагаат да студентскиот оброк биде минимум 300 денари дневно. Како податок наведе и дека единствениот дом во којшто во минатото биле сместени магистрантите и докторантите кој се наоѓа во општина Карпош една година е под клуч, без станари. Андоновска се осврна и на повозрасната група на граѓани. Од политичката партија ГРОМ предлагаат да ниту едно пензионерско семејство нема приход помал од 25.000 денари. Односно секое пензионерско семејство да има барем еден минимум со којшто ќе може да ги покрие трошоците за живот. Андоновска повика во државата да се изградат повеќе пензионерски домови и геријатриски центри за нега во склоп на болниците.
ГРОМ предлага мерки за привлекување на странските инвеститори во сите области меѓу нив и во индустријата, енергетиката, туризмот кој би придонел за поголем економски развој, а со тоа и повисоки плати и нови работни места кои би ги мотивирале високообразовните кадри да останат во земјата.
Ана Јосифоска-Тодоровска
