Штип

Пронајдена почината 26-годишна девојка

29.04.2024 21:06

Тело, на почината 26-годишна девојка од Кавадарци, е пронајдено во куќа во близина на Градската црква „Свети Никола“ во Штип...

Тело, на почината 26-годишна девојка од Кавадарци, е пронајдено во куќа во близина на Градската црква „Свети Никола“ во Штип.

Неофицијално, девојката била почината веќе неколку дена, а според првичните информации, таа во куќата живеела под кирија.

Од СВР Штип повеќе информации најавија за утре, а увидна екипа е на местото каде што е пронајдена починатата девојка.