протест

ФЗОМ со најава за нов штрајк

30.04.2024 08:20

Штрајкот ќе започне на први јуни, а тоа да не се случи вработените бараат во текот на мај управниот одбор да биде разрешен и да се постават нови членови кои ќе дозволат да се усогласат платите на вработените, односно примањата да не им се намалуваат од 1-ви јуни...

Вработените во Фондот за здравство денеска во 11 часот  ќе излезат на предупредувачки протест поради незадоволството за не усогласувањето на платите со растот на минималната плата, соопшти Синдикатот на УПОЗ. Штрајкот ќе започне на први јуни, а тоа да не се случи вработените бараат во текот на мај управниот одбор да биде разрешен и да се постават нови членови кои ќе дозволат да се усогласат платите на вработените, односно примањата да не им се намалуваат од 1-ви јуни.

Станува збор за сума од 2.400 денари. Кога пред неколку месеци вработените штрајкуваа и работеа само итни случаи граѓаните не можеа да ги остварат своите права во здравствениот систем.