Финансии препорачаа денеска да ги вратат старите цени на полисите
Комисија ќе свика состанок и ќе донесе нова одлука, велат од Финансии. Од националното биро за осигурување пак, кое ја донесен одлуката за 15% зголемување на цените, треба да се изјаснат зошто барале повисока цена...

Финансии им препорача на осигурителните компании денеска да ги вратат старите цени на полисите. Ваквото укажување е со цел обезбедување транспарентност и предвидливост на процесите. Наредниот период Агенцијата за супервизија на осигурувањето треба да подготви анализа на оправданоста на поскапувањето и да достави нов тарифник.
Потоа Комисија ќе свика состанок и ќе донесе нова одлука, велат од Финансии. Од националното биро за осигурување пак, кое ја донесен одлуката за 15% зголемување на цените, треба да се изјаснат зошто барале повисока цена.
Останува дилема што ќе се случи со граѓаните кои од 25 април плаќаа поскапа регистрација, доколку предлогот за замрзнување на цените го прифатат осигурителните компании.
