ИЗРАЕЛ

Се чека одговор од Хамас за мировниот предлог

30.04.2024 08:36

Израел мора да стори повеќе за да го зголеми протокот на хуманитарна помош во Појас Газа, истакна американскиот државен секретар Блинкен...

Потребата да се најде решение што ќе им овозможи на Израелците и Палестинците да живеат во мир, тема на светскиот економски форум во Ријад. Израел мора да стори повеќе за да го зголеми протокот на хуманитарна помош во Појас Газа, истакна американскиот државен секретар Блинкен.

„Видовме напредок во последните неколку недели, вклучително и отворање на нови премини и зголемен обем на испорака на помош во Газа, како и изградба на американскиот поморски коридор, кој ќе биде отворен во наредните недели. Но, тоа е не е доволно“, изјави Ентони Блинкен, државен секретар на САД.

Разговорите за прекин на огнот продолжуваат во Каиро. Најновиот предлог на Израел, претставен на Хамас, вклучува 40-дневен прекин на огнот и ослободување на илјадници палестински затвореници.