УКРАИНА

Продолжуваат судирите меѓу Киев и Москва

30.04.2024 08:40

Продолжуваат судирите во Харков, Луганск, Доњецк, Керсон, Николаевската област, како и во Запорожје...

Членките на Алијансата не ги исполнија ветувањата за воена помош за Киев, изјави генералниот секретар на НАТО при ненајавената посета на Украина. Столтенберг и Зеленски ја потврдија дополнителната помош.

„Со месеци, САД не можеа да се договорат за пакет, а европските сојузници не беа во можност да достават муниција во размерите што ги ветивме. Но, не е доцна Украина да победи. На пат е поголема поддршка“, изјави Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО.

Продолжуваат судирите во Харков, Луганск, Доњецк, Керсон, Николаевската област, како и во Запорожје. Најмалку четири лица загинаа во ракетен напад врз Одеса. Руската армија ја презеде контролата врз село во Доњецката област, соопштуваат од Москва.