Театар

„Лавина“ од Тунџер Џуџенолу, во режија на Наташа Поплавска вечерва премиерно во Турскиот Театар

30.04.2024 08:52

Претставата „Лавина“ од авторот Тунџер Џуџенолу, во режија на Наташа Поплавска ќе биде премиерно изведена вечерва во 20 часот на сцената на Театар Комедија. Сценографија и костимографија се на Поплавска, изборот на музиката – на Ристо Вртев, а кореографијата – Ирена Лозинска...

Претставата „Лавина“ од авторот Тунџер Џуџенолу, во режија на Наташа Поплавска ќе биде премиерно изведена вечерва во 20 часот на сцената на Театар Комедија. Сценографија и костимографија се на Поплавска, изборот на музиката – на Ристо Вртев, а кореографијата – Ирена Лозинска.

Дали лавината е само појава во природата или можеби ние во нашите глави сами го создадовме овој страв? – го поставува ова прашање претставата.

Улогите ги толкуваат: Зиба Радончиќ, Селпин Керим, Ебру Мусли, Дин Ибрахим, Сузан Акбелге, Бурханетин Ибрахим, Џенап Самет, Слаѓана Вујошевиќ, Јеткин Сезаир, Инес Радончиќ, Емине Халил, Аксел Мемед и

Наџије Кеч.

Претставата се изведува со титл на македонски јазик.