САД

Престрелка во Северна Каролина, убиени четворица полицајци

30.04.2024 09:00

Според властите, полициските службеници биле убиени во извршување на налог за апсење на осуден криминалец...

Четворица полицајци загинаа, а четворица се повредени во вооружена престрелка во градот Шарлот во американската сојузна држава Северна Каролина. Според властите, полициските службеници биле убиени во извршување на налог за апсење на осуден криминалец.

Откако американската оперативна група за бегалци стигнала до куќата каде што бил осомничениот, врз нив бил отворен оган од две лица. Еден од напаѓачите е ликвидиран, другиот уапсен.