Привршува пријавувањето за субвенции за наводнување

23.06.2014 10:16

Остана уште една недела за поднесување барања за субвенционирање бунари и системи за наводнување на пченка. Крајниот рок истекува на 30 јуни годинава...

Земјоделците заинтересирани да инвестираат во наводнувањето годинава можат да побараат субвенции од државата.

За опрема за системи капка по капка за пченка и фуражни култури може да се одобри износ до 920 илјади, а за бунарите 360 илјади денари.

Кај  пченката се субвенционираат надземни и подземни системи, филтри, пумпи, цевки и електрична опрема, а за бунарите ископ, шахти, агрегати и генератори.

Парите се добиваат со ко-финансирање на инвестицијата до 50 проценти од одобрените трошоци.

Фармерот треба да има деловен план и дозвола за водно право од Mинистерството за животна средина.

 

Методија Трајков