Србија
Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија
30.04.2024 09:25
Земјотресот е почувствуван во Зајечар, Неготин, Доњи Милановац, Бор, Белград како и во други градови во источна Србија.

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 7 часот и 42 минути во Кладовскиот регион, во Србија, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод.
Земјотресот е почувствуван во Зајечар, Неготин, Доњи Милановац, Бор, Белград како и во други градови во источна Србија.
Теоретскиот интензитет во епицентарот е проценет на VI степен од Меркалиевата скала.
Земјотреси со ваков интензитет може да предизвикаат помали оштетувања на објекти во епицентралното подрачје, се наведува на веб-страницата на Републичкиот сеизмолошки завод.
