До полноќ пријавување на болните или немоќните за гласање
На 4-ти мај истекува рокот за барања за гласање на лица кои се во домашен притвор. Болните и немоќните, затворениците, лицата во домашен притвор и лицата во старските домови, гласаат ден пред изборите, односно на 7-ми мај..

На полноќ истекува рокот за пријавување на болните или немоќните за гласање на 7-ми мај. Пријавувањето е во општинските изборни комисии и се однесува само за парламентарните избори, додека прифатените барања на болните и немоќни лица за гласањето на 24-ти април се важечки и за вториот круг од претседателските избори.
Овие лица кои сакаат да гласаат треба да достават соодветна медицинска документација. На 4-ти мај истекува рокот за барања за гласање на лица кои се во домашен притвор. Болните и немоќните, затворениците, лицата во домашен притвор и лицата во старските домови, гласаат ден пред изборите, односно на 7-ми мај.
