МВР

Бојмацалиев: Полициските одделенија Арачиново, Матејче и Шуто Оризари подготвени за изборите на 8-ми мај

30.04.2024 11:52

Како што информираат од МВР, во однос на резултатите на овие организациски единици, безбедносната состојба е стабилна и поволна, а за одбележување се расветлените кривични дела...

Денеска дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на БЈБ, Сашо Тасевски, остварија работни средби со раководствата на Полициските одделенија Матејче, Арачиново, и Шуто Оризари, во пресрет на парламентарните и вториот круг од претседателските избори 2024 година, а со цел гарантирање на фер, слободни и демократски избори, како и согледување на постигнатите резултати во првото тримесечје од 2024 година.

Како што информираат од МВР, во однос на резултатите на овие организациски единици, безбедносната состојба е стабилна и поволна, а за одбележување се расветлените кривични дела.

Бојмацалиев на средбите уште еднаш ја потврди заложбата за организирање на европски избори и на колегите им ја потенцираше важноста од работење исклучиво по закон, а со цел гарантирање на безбедноста на изборните процеси.