ЈУЖНО КИНЕСКО МОРЕ
Нов инцидент меѓу Кина и Филипините во Јужното Кинеско Море
30.04.2024 12:02
Филипините ја обвинија кинеската крајбрежна стража за употреба на водени топови против два филипински брода и блокирање на пристап до спорниот гребен Скарборо во Јужното Кинеско Море...

Филипините ја обвинија кинеската крајбрежна стража за употреба на водени топови против два филипински брода и блокирање на пристап до спорниот гребен Скарборо во Јужното Кинеско Море.
Од Пекинг велат дека во согласност со законот одбиле филипински бродови.
Гребенот Скарборо се наоѓа на 240 километри западно од главниот филипински остров Лузон и речиси 900 километри од кинескиот остров Хаинан, јужно од брегот на Кина, која полага право на речиси целото Јужно Кинеско Море.
