Статистика

Индустриското производство во март намалено за 10,4 проценти

30.04.2024 13:10

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во март 2024 година, во однос на март 2023 година, бележи пораст од 1,9 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 7,6 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 38,6 %.

Индустриското производство во март годинава во однос на март минатата година е намалено за 10,4 проценти, а за 3,1 процент во првиот квартал годинава споредено со истиот квартал од минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во март 2024 година, во однос на март 2023 година, бележи пораст од 1,9 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 7,6 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 38,6 %.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на тутунски производи, Производство на облека, Производство на хартија и производи од хартија, Печатење и продукција на снимени медиуми (записи), Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во март 2024 година, во однос на март 2023 година, бележи опаѓање кај Енергија за 34,9 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 3,4 %, Капитални производи за 5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 12,8 %, додека пораст бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 3,5 %.