Бајрами: Нема да се формира Влада без Европскиот фронт
Ниту една владејачка гарнитура нема да се формира без пратениците на Европскиот фронт, рече кандидатот за пратеник Наим Бајрами. Бајрами ги елаборираше постигнатите резултати на земјава низ овие години...

Европскиот фронт предводен од ДУИ ја продолжува кампањата за парламентарните избори. Ја водат од мотото „Да за ЕУ, не за Русија“. Од Европскиот фронт порачуваат дека и по 8-ми мај, тие ќе бидат политичката сила без којашто нема да може да се формира идната влада.
Ниту една владејачка гарнитура нема да се формира без пратениците на Европскиот фронт, рече кандидатот за пратеник Наим Бајрами. Бајрами ги елаборираше постигнатите резултати на земјава низ овие години. Истакна дека интеграцијата во Европската унија е една од главните стратешки и програмски цели на Европскиот фронт.
Изборите се референдум за европската иднина
Овие избори се референдум за европската иднина на земјата. Поддршката што ја имаме од нашите европски партнери е поголема од кога било и ова е можност што мора да се искористи, порачаа од Европскиот фронт.
Во однос на легитимноста и легитимитетот по изборите, тој изјави дека некој не може да го оспори легитимитетот на одредена политичка структура како што е Европскиот фронт.
Бајрами рече дека Европскиот фронт е вистински претставник на албанскиот народ, на турскиот народ, на бошњачкиот народ, на ромскиот народ и на сите народности кои се претставени во оваа платформа, во оваа изборна програма Европа 2023-2030 година.
Бидете сигурни дека политичките авантури неславно ќе завршат, а народот на крај ќе победи, вели Бајрами. Според него, никој не може да го негира политичкиот капитал создаден со години.
Ана Јосифоска-Тодоровска
