Македонија

Обвинителството бара мерки на пртетпазливост против 12 лица за злоупотреба на службена положба

30.04.2024 15:03

За осомничените до Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување мерки на претпазливост, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска соопшти дека е поднесено барање за определување мерки на претпазливост за 12 лица осомничени за злоупотреба на службена положба, без да наведе повеќе детали за која институција станува збор.

Постапувајќи по поднесената иницијатива од Државната комисија за спречување на корупцијата, надлежниот јавен обвинител поднел обвинителен предлог против 12 лица за кривични дела - Злоупотреба на службена положба и Несовесно работење. За осомничените до Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување мерки на претпазливост, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Според дел од медиумите, станува збор за 12 лица од Агенцијата за млади и спорт.