Мицкоски: ДУИ ќе мора да оди во опозиција
Правилото за коалицирање победник со победник повеќе не важи – порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој е дециден дека идната влада ќе ја формира коалицијата којашто ќе обзбеди најмалку 61 пратеник. На ДУИ им порача дека е време да заминат во опозиција. ВМРО-ДПМНЕ, вели партискиот лидер, останува на европскиот курс, а со ЕУ ќе се преговара врз основа на Копенхашките критериуми...

Граѓаните да останат во земјава, а најдобрите кадри од Македонија да не се подаруваат на други држави. Ова го вели кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Гордана Силјановска – Давкова, која смета дека е потребна стратегија за младите иднината да ја градат дома. На граѓаните во Куманово им порача да ја препознаат партијата која нуди реални проекти.
Политиката не е шведска маса, ДУИ ќе мора да оди во опозиција, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.
ВМРО-ДПМНЕ останува на европскиот курс
Вели дека идната влада ќе ја формира тој што ќе обезбеди најмалку 61 пратеник, а правилото на кое сега се повикува ДУИ за коалицирање победник со победник, токму тие го прекршиле во 2017-тата и затоа повеќе не важи.
Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ е фокусирано на изборите, а штом ќе бидат познати резултатите, ќе разговара со опозициските партии за идната соработка. Тврди дека ВМРО-ДПМНЕ останува на европскиот курс, а со ЕУ ќе се преговара врз основа на Копенхашките критериуми и вредностите на основачите на Унијата.
Анита Димитријевска – Велковска
