Правда

Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски

30.04.2024 16:15

Одобрена е екстрадицијата на Љупчо Палевски, осомничен за убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски, информира министерот за правда, Кренар Лога...

Одобрена е екстрадицијата на Љупчо Палевски, осомничен за убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски, информира министерот за правда, Кренар Лога.

„Денес со официјална информација од Република Турција добивме одобрение за екстрадиција на лицето Љупчо Палевски. Позитивниот исход на постапката произлегува после сите максимално преземени мерки и активности од делокругот на надлежности на Министерството за правда“, вели Лога.