Автоосигурување
Препораките од Министерството за финансии не допреа до осигурителните компании
30.04.2024 18:50
Осигурителните полиси за моторни возила поскапи за 15 проценти. Препораките од Министерството за финансии не допреа до осигурителните компании. Граѓаните реагираат, го чекаат потегот на Владата...

Осигурителните компании контра Министерството за финансии – не ги вратија старите пониски цени на полисите и си продолжија по свое, ќе продаваат за 15% поскапо. Граѓаните реагираат.
Компаниите се правдаат дека цените биле непроменети од 2008 година.
Од Агенцијата за супервизија на осигурениците се побара да направи анализа дали поскапувањето е оправдано.
Последните податоци покажуваат дека лани од продадени полиси, осигурителните компании за провизии исплатиле 11,5 милиони евра.
Борис Грујоски
